Ужас во Романија – бебе паднало од зграда, лекарите се борат за неговиот живот

Дваесетмесечно бебе паднало од голема висина во Романија, а телото било пронајдено пред зграда во градот Дева.

Девојчето моментално е во критична состојба.

Како што информираа од службата за итни случаи во Хунедоара, детето го пронашле лекарите пред зградата, а се претпоставува дека паднало од голема висина.

Со лекар итно била пренесена во болница, а претрпела повеќе трауми и е во кардио-респираторен застој.

Лекарите од Итната помош веднаш ја реанимирале, а истата процедура продолжила и во болница.