Сифан Хасан со олимписки рекорд го освои златниот медал на женскиот маратон
Холандската атлетичарка, Сифан Хасан победи на женскиот маратон на Олимписките игри во Париз, таа златото го освои поставувајќи и нов олимписки рекорд.
Хасан маратонот го заврши за 2:22,55 часа што е најбрзо време на олимписките игри досега.
Среброто го освои Тигст Асефа од Етиопија која беше само три секунди побавна од Хасан. Последното место на пиедесталот беше за Хелен Обири од Кенија.
За победничката на маратонот, Сифан Хасан ова беше трет медал на Олимписките игри во Париз, претходно освои бронзи на трките од 5.000 и 10.000 метри.