Во Белград започна централниот протестен митинг против отворањето на рудник за литиум на рударската компанија „Рио Тинто“, организиран од еколошките здруженија од Србија.
Протестот се организира на денот на истекот на рокот од 40 дена што здруженијата ѝ го одредиле на Владата на Србија да го донесе Законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.
#BREAKING – A large protest is taking place in Belgrade, Serbia, against the lithium mining project by Rio Tinto and BlackRock. #Serbia #protest pic.twitter.com/9bIvwA77Ug
— Global Dissident (@GlobalDiss) August 10, 2024
Клучниот аргумент на демонстрантите е дека ископот на литиум во земјоделски развиениот регион на западот од државата ќе предизвика немерлива штета на животната средина и локалната заедница, а пораките на граѓаните од претходните протести се дека не сакаат да го жртвуваат здравјето и амбиентот за краткорочни и нејасни економски придобивки.
Покрај тоа, лидерите на владата се обвинети за корупција и фаворизирање на меѓународната рударска корпорација Рио Тинто.