Драма во градинка во Подгорица: Петгодишно дете само излегло од зградата и тргнало кон автопатот
Вистинската драма се одвивала во градинката „Ѕвездани врт“ во општина Зета – Подгорица, откако петгодишно дете самостојно излегло и ја напуштило зградата на оваа установа.
„Син ми ми кажа дека побарал да оди во тоалет, по што му рекле да излезе и вратата му ја треснале. Плачеше и помина извесно време во ходникот, а потоа ја зеде чантата и во солзи излезе од градинката. Стигнал до автопатот каде продолжил да трча, додека не наишле мајка му и другарка од градинка и не го препознале. Детето го најдовме во шок, се тресеше и плачеше“, напиша на социјалните мрежи мајка на момче од градинката.
По овој инцидент, надлежните од ОЈО „Џина Врбица“ на кое и припаѓа образовната единица „Ѕвездани врт“ – Зета, веднаш по сознанието покренале законска постапка за да се утврди што се случило. До завршување на дисциплинската постапка вработените се суспендирани, пренесе „Рина“.
Раководството изразува жалење и укажува дека и самите се непријатно изненадени од овој настан.