Контроверзната Алжирка, 25-годишната Имане Келиф ја освои титулата олимписка шампионка во бокс во категоријата до 66 килограми на Олимписките игри во Париз.
Келиф, чиј настап на почетокот на Игрите крена голема прашина поради покаченото ниво на тестостерон, во финалето со едногласна одлука на судиите ја победи актуелната светска шампионка од Кина, 32-годишнаа Лу Јанг.
Бронзите ги освоија Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг (23), актуелен светски вицешампион и Тајванката Чен Ниен-чин (27).
Тајванката Лин Ју-тинг и Алжирката Имане Келиф се двете боксерки кои добија забрана за учество на минатогодишното светско првенство откако ДНК тестовите покажаа присуство на машки XY хромозом.
МОК ги отфрли резултатите од тестовите спроведени од ИБА како произволни и нелегитимни, велејќи дека нема причина да ги спроведе. На овие игри, МОК ги користи боксерските правила кои беа применети на Олимписките игри во 2016 и 2020 година и во нив не е вклучено тестирање на полот.