Загинаа сите 58 патници и четворица членови на екипажот во авионска несреќа во Бразил

Нема преживеани во авионската несреќа на патнички авион кој се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми.

Авиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот.

Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.