Србите ги победија Американците и се пласираа во финалето на ватерполо турнирот на ОИ
Во кошарка вчера загубија од САД, но реваншот денеска беше во ватерполо, Србија со 10-6 ги победи Американците и освои медал, а дали тој ќе биде сребрен или златен ќе се знае по финалната битка.
Србија релативно лесно ја доби селекцијата на САД благодарение на одличната игра во одбраната.
Србите беа добри кога имаа играч помалку, од 17 такви ситуации, Американците дадоа само пет гола.
Кога Србите напаѓаа со ватерполист повеќе постигнаа седум гола од 10 такви ситуации.
Најдобриот српски играч и стрелец, Мандиќ не даде гол на овој натпревар.
Дедовиќ со четири гола беше најефикасен, Јакшиќ постигна три.
Србија во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Унгарија и Хрватска.