Македонските граѓани се на второто место на листата најгневен народ во Европа, покажува Глобалниот извештај за емоции на „Галуп“.
Пред Македонија е само Турција, чиј народ во 34% изразува одредена доза на гнев.
Македонците се втори со 26%, додека зад нас веднаш се Албанија и Црна Гора со 24%.
Земји со најмал процент на гнев на нивното население се Финска и Естонија (7%) и Португалија со 8%.