Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека американските борбени авиони Ф-22 Рапторс се испратени во регионот на Блискиот Исток како дел од напорите за одвраќање на агресијата, одбрана на Израел и заштита на американските сили во регионот.
Остин на Платформата X напиша дека во четвртокот му рекол на Галант дека е важно да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците кои ги држел Хамас.
Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) во четвртокот објави дека борбените авиони Ф-22 на американските воздухопловни сили пристигнале на Блискиот Исток во очекување на ирански напад врз Израел.