Избегнат судир на два брода на Лефкада, се слушаат вресоци на исплашените туристи
Како што може да се види на снимката споделена на Инстаграм страницата „nikana.gr“, гостите на еден туристички брод на Лефкада за влакно избегнале судир со друг брод.
Исплашените патници потоа барале да се вратат на копното и да го прекинат излетот, а екипажот на бродот наводно го одбил тоа.
На видеата се слушаат и како исплашените патници врескаат додека другиот брод се упатува кон нив и тие се обидуваат да го одвратат.
„Патниците за влакно избегнале судир со друг брод и сега, исплашени, сакаат да го прекинат патувањето и да се вратат на копно, додека екипажот, според нивните зборови, одбива“, се вели во објавата под видеото.
Како што се наведува понатаму, патниците наводно повикале полиција која ќе ги чека на пристаништето.
View this post on Instagram