Годинава нема да има пролетен распуст за учениците. Ваква одлука донесе МОН, откако завршија анкетите, спроведени интерно во училиштата, на кои родителите и децата можеа да си кажат дали годината сакаат да заврши на 10 јуни, или неколку дена подоцна.
Министерката за образование Весна Јаневска, која кажа дека анкетите покажале дека учениците и родителите не сакаат пролетен распуст и дека за нив тоа е поголем проблем, отколку придобивка.
За жал и оваа учебна години ќе има проблем со наставниот материјал. Учениците од 7 мо одделение ќе учат од учебници напишани по старата програма.
Причина – новите се уште се на јавна расправа.
Недостасуваат учебници и за странски јазици од 1 во до 9 то одделение, за кои Јаневска уверува дека ќе бидат готови идната година.
Дел пак од учебниците за стручните средни школи во моментов се печатат, а ќе се дистрибуираат постепено во текот на учебната година.
– Децата губеле континуитет, родителите нема каде да ги остават помалите дечиња, не им се поклопува со одредени празници за да може заеднички да ги искористат, сметаат дека е повеќе компликација отколку поволност и во тој правец ние одлучивме оваа година да се одвива учебната година од 2 ри септември до 10 ти јуни за сите освен матурантите – изјави министерката за образование.