Теквондистката Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри

Македонската теквондистка Милјана Рељиќ не успеа да обезбеди пласман за полуфиналето на Олимписките игри во Париз, по попладневниот пораз денеска од Либанката – Летиција Аун од 0:2.

Рељиќ загуби во првиот сет со 9-8, во вториот беше израмнето 6-6, но поради повеќе удари во глава, претставничката од Либан го доби и вториот сет, со што се пласираше во полуфиналето.

Сепак, шансите за медал сè уште не се загубени, бидејќи доколку Аун победи во полуфиналетo на категоријата до 57 килограми, нашата Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да стигне до бронзениот медал.

Рељиќ предизвика внимание во јавноста по победата на двократната олимписка шампионка Џејд Џонс во првото коло на турнирот, со што успеа да влезе во четврт-финалето.