Македонската таеквондистка Мила Рељиќ стигна до голема победа на стартот од олимпискиот турнир во Париз.
Против себе Рељиќ ја имаше двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, но тоа не ја спречи да стигне до голема победа.
Победата Рељиќ ја најави уште во првата рунда која ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар на 20-тина секунди до крајот.
Втората рунда и припадна на Џонс со 4:5.
Одлучувачката трета рунда заврши 1:1, но Рељиќ беше победничка поради поголемиот број удари.
Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан, а борбата е денеска околу 15:45 часот.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024