Златото од Токио на шест метри го бранеше еден од најдобрите спортисти на планетата, а потоа тргна да соборува рекорди – прво со 6,10 го собори олимпискиот рекорд, а потоа и светскиот рекорд во третиот обид.
Последниот обид, преполниот „Стад де Франс“ остана до доцна во ноќта и го чекаше само него, чекаше нов светски рекорд… И тогаш Мондо го направи тоа што најдобро го знае – ги помести границите на соништата по деветти пат.
Само небото е граница за Арманд Дуплантис – шведскиот спортист роден во Соединетите Американски Држави ја постави границата на соништата во скок во височина на Олимписките игри во Париз.
Таа сега има 6,25 – и веројатно е само прашање на денови кога повторно ќе биде соборена.
За првпат, Дуплантис го собори светскиот рекорд на 8 февруари 2020 година во Торун, Полска – пред него рекордери беа Рено Лавилени од 2014 година кога скокна 6,16 во затворен простор и легендарниот Сергеј Бубка во 1994 година на отворено со 6,14.
🚨 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃 𝐃𝐔 𝐌𝐎𝐍𝐃𝐄 ! Extraordinaire Armand Duplantis, qui franchit une barre à 6,25m au Stade de France pour sublimer son deuxième titre olympique !#Paris2024, c’est en intégralité sur Eurosport pic.twitter.com/JJAhd72OAx
— Eurosport France (@Eurosport_FR) August 5, 2024