Боксерката од Алжир која е обвинета дека е маж обезбеди медал и се расплака по мечот
Алжирската боксерка Имане Келиф, која е обвинета дека е маж, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 66 килограми и на тој начин обезбеди медал.
Келиф, кој има XY хромозом, со едногласна одлука ја победи Унгарката – Ана Лука Хамори.
Келиф апсолутно доминираше во сите рунди, а по победата пукна во солзи и се залета во прегратките на тренерот Педро Дијаз, поранешен тренер на Филип Хрговиќ.
Алжирката за пласман во финалето во кое ќе биде фаворит ќе се бори против Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг.