ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово.
Ноторен факт е дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ не се воздржуваше да покаже незадоволство кон Косовските Државни функционери затоа што не ја добија нивната политичка поддршка. Не случајно вчера напоменавме дека нема да бидеме зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г., познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент.
Бидејќи ДУИ испраќа панични соопштенија, а ние не сакаме да ја попречиме истрагата, денес ќе поставиме две прашања до опозициската ДУИ:
Кој вработен на аеродромот, кој објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. се појавил на лице место на инцидентот и со кои намери и причини?
Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во обид да креирате тензии за да ги направите Албанците заложници за да се спасите од правосудна одговорност?
Ова не ви поминува, доаѓа време за вистината, вашиот срам ќ биде огромен!