Исчезната е Клара – млада девојка од скопската населба Илинден

На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на млада девојка со име Клара.

Како што се наведува во написот кој масовно се шири на социјалните мрежи, Клара излегла вчера во 18 часот во населба Илинден, а на себе носи црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно сиви патики.

Ако некој ја забележи да пријави во најблиската полициска станица, се наведува во апелот.

Откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара, се огласи и Министерството за внатрешни работи.

„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.