Тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот е целосно во прекин

Поради тешка сообраќајна несреќа во целосен прекин е патот Гостивар-Стража, јавува ТВ21.

Според информациите причината е судир на три автомобили и поради тоа патот е целосно блокиран.

На лице место е присутна полицијата, пожарна и брза помош.

Во моментов нема информации каква е здравствената состојба на патниците кои се наоѓале во автомобилите.

Формирана е километарска колона поради несреќата.