Вчера вечер делови од Словенија беа зафатени од силно невреме проследено со врнежи и силен ветер.
Ветерот и дождот создадоа проблеми особено во североисточниот дел од земјава.
На места ветерот носел покриви од куќи и соборувал дрвја, а на места поплавени се и подрумски простории.
Снемало струја во некои делови на Словенија, јавува РТВ Словенија.
Шефот на општината Света Тројица во Словенске Горице, Давид Клобаша на Фејсбук објави дека во невремето се оштетени 11 далноводи, па се очекува подолг прекин на струја.
Ветерот собори дрва и во Целје, а интервенираше и противпожарната единица која соопшти дека ситуацијата е под контрола.
Портокаловото предупредување важи за цела Словенија, освен за југозападниот дел на земјата.