Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра спектакуларен натпревар и со победа над Лоренцо Мусети (6-4, 6-2) се пласира во финалето на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, Франција.
Ѓоковиќ се сретна со Мусети по осми пат, а во победи дојде до предност од 7-1. Уште еднаш, српскиот ас покажа дека е најголем тенисер на сите времиња, затоа што до финалето на олимписките игри дојде без ниту еден загубен сет.
Мечот траеше еден час и 50 минути, а во првиот сет Ноле дојде до предност благодарение на брејкот за 6-4. Вториот сет почна променливо, двајцата тенисери не можеа да освојат свој сервис, но клучни беа брејковите за 4-2 и 6-2. На патот до финалето, Ѓоковиќ ги победи Метју Ебден, Рафа Надал, Доминик Кепфер, Стефанос Циципас и Лоренцо Мусети.
Со оваа победа Новак Ѓоковиќ освои медал, го подобри рекордот на ЛОИ, а во финалето ќе игра за златото против Карлос Алкараз од Шпанија.