Алкараз е првиот финалист на тенискиот олимписки турнир

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на турнирот во сингл-конкуренција на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои се одржуваат во Париз, Франција.

Алкараз во полуфиналето демонстрира моќ против канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).

Мечот траеше еден 75 минути, а дебитантот за Канада во оваа фаза освои само два гема против големиот фаворит.

Во двата сета раните брејкови го откажаа Канаѓанецот, кој не можеше да го следи ритамот на вториот светски рекет и мораше да му подаде рака за нешто повеќе од еден час.

Оже-Алијасим ќе се бори за бронза со поразениот од дуелот Мусети – Ѓоковиќ, а победникот утре ќе излезе на мегдан со Алкараз.

Со победата во полуфиналето, Алкараз стана најмладиот тенисер кој ќе игра за злато во историјата на Олимписките игри.

Тој може да стане најмладиот победник на олимписки тениски турнир и втор по Надал кој во иста година го освоил Ролан Гарос и олимпискиот турнир на земјена подлога.