По повод Илинден прво помилување од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден даде помилување на пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

Како што соопштија од кабинетот на претседателката, петтемина осудени лица се помилувани во траење од два до четири месеци, коешто кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица Андреј Методија Мојсоски од село Селце и Миран Латиф Исмани од село Слатино.

Делумно пак се ослободуваат три лица – Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и во траење од 2 месеци, Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци.

Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.