Српската полиција ја уапси Вера. М. (66) од селото Појате во близина на српскиот град Крушевац поради основано сомнение дека телото на починатата мајка го криела повеќе од две години, за да продолжи да ја прима нејзината пензија.
Српскиот министер за внатрешни – Ивица Дачиќ пред медиумите изјави дека полицијата ја уапсила В.М. од селото Појате крај Чиќевац поради криење на смртта на мајка си повеќе од две години.
– Полицијата вечерва во селото Појате ја уапси Вера. М. бидејќи ја прикрила смртта на нејзината мајка В.М. родена 1932 г. повеќе од две години за да може да продолжи да ја прима нејзината пензија. Според нашите првични сознанија мајката починала на 28 јуни 2022 година, а нејзината ќерка го чувала телото во куќата, во кревет, завиткано во ќебе. Лицето ќе биде предадено на обвинител за понатамошна постапка – изјави министерот за внатрешни, Ивица Дачиќ.
Мајката и ќерката припаѓале на социјално ранливата категорија на лица, а според информациите на српските медиуми тие примале помош и од Црвениот крст.
Според пишувањата на српските медиумите мајката и ќерката, според неофицијалните информации, живееле сами во трошна куќа на крајот од селото. Од надлежното Обвинителство за тамошните медиуми не одговориле на прашањето како и кога точно е откриено телото на жената.
Според жителите со кои разговарале инспекторите, мајката и ќерката одамна ги немале видено, што, како што велат, тоа не било невообичаено со оглед на тоа што нивната куќа била далеку од центарот на селото и била изолирана од другите, пренесуваат српските медиуми.