Соборен е светски рекорд во пливање на ЛОИ во Париз.
Кинескиот пливач Пан Жанле е сопственик на нов светски рекорд, по трката 100 метри слободно во машка конкуренција.
Кинескиот натпреварувач уште од самиот почеток им побегна на ривалите и единствен конкурент му беше светскиот рекорд, кој на крај го собори со 40 стотинки побрзо време (46.40 секунди).
На второто место, односно со сребрен медал, се закити Чалмерс од Австралија, кој заостана цела секунда, додека третото место го освои шампионот на 200 метри, Поповичи од Романија.