Американската амбасадорка во Македонија, Ангела Агелер денеска во Штип изјави дека т.н. „црна листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) постојано се ажурира и дека и во моментов се разгледуваат имиња што би можеле да завршат на неа.
„Таканаречената ‘црна листа’ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа која е динамична и која постојано трпи промени. Има многу имиња од кои може да се избере. Во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто. Нема конкретен датум кога тоа би се случило“,рече Агелер.
На новинарско прашање за реформите во правосудниот систем, Агелер одговори дека секако тие се потребни, но треба да се спроведат многу внимателно.
„Секоја реформа, вклучувајќи го и Судскиот совет или воопшто судството, треба внимателно да се направи. Постои патоказ од Европската Унија за ова прашање и ние сме тука за да помогнеме во процесот. Мојот заклучок за прашањето дали се потребни реформи во судството е – да, апсолутно се потребни“,рече таа.