ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на објавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривичната пријава покрената од СВР Охрид за „попречување на правдата“ . Од партијата велат дека добро е што тој признал дека правел притисок и бараат од Јавното обвинителство и судството да постапат.
– Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси одговорност. Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе, дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.