Радикс именуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје
Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, го најави именувањето на Хоратиус Радикс за нов комерцијален директор на нивната фабрика во индустриската зона Жабени, Битола и Илинден, Скопје.
Овој стратешки потег, велат оттаму, ја потврдува посветеноста на компанијата кон лидерска извонредност и континуиран раст во регионот.
Својата кариера Радикс ја започнал во Кромберг и Шуберт во 2008 година како менаџер за човечки ресурси во фабриката во Темишвар, Романија, каде што под свое водство надгледува повеќе од 2,500 вработени.
Во 2015 година, бил унапреден во комерцијален менаџер на фабриката во Надлаб, Романија, управувајќи со фабрика за производство на кабелски снопови за Шкода со повеќе од 3,000 вработени.
Како комерцијален менаџер на фабрика, тој управувал со два производствени капацитети и два компетенциски центри низ Романија, надгледувајќи вкупно 3,200 вработени.
Неговата експертиза не била ограничена само на Романија, туку и на различни проекти глобално, вклучувајќи ја Кина (2012), Мексико (2019), Украина (2021) и Боцвана (2023).