Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека првпат во земјата просечната плата ја надминала сумата од 100.000 динари односно 855 евра и оцени дека земјата е на одличен пат.
Во видеопорака објавена на Инстаграм, Вучиќ кажа дека добил податоци за просечните плати за мај и дека просечната плата во главниот град е поголема од 1.000 евра.
– Во Белград просечната плата е 1.075 евра, во Нови Сад 982 евра, во Ниш 813 евра и се приближува до просекот, изјави претседателот на Србија.
Тој додаде дека просечната плата во Бор е 1.025 евра и дека овој податок покажува дека „добрите инвестиции и визионерските политики даваат резултати“.
Тој повтори дека просечната плата во 2027 година ќе биде 1.400 евра, а пензијата 650 евра и ги повика граѓаните да му помогнат да ја оствари таа цел.