В.Д градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет Лутфи Сунар потпишале меморандум за соработка помеѓу општина Аеродром и Меѓународниот Балкански Универзитет. Меморандумот се однесува за соработка на повеќе полиња, а особено за донесување на архитектонски решенија за градинки и слично, соопштуваат од Левица.
„Го прашуваме В.Д градоначалникот Дејан Митески дали има побарано соработка и со другите универзитети или не (како УКИМ кој има најдобар и проверен кадар во Македонија) и зошто го фаворизира само овој универзитет? Зошто на студентите и вработените од другите универзитети им се ускратува таа можност?
Левица смета дека треба да се објави јавен оглас на кој ќе имаат право да се јават студентите и вработените од СЕКОЈ универзитет и да можат да изработат проект, па нека победи најдобриот.
За жал функционерите од ВМРО во својот познат стил, продолжуваат со нетранспарентно работење“, додаваат од Левица.