ММФ: Војната во Украина ќе го забрза преминот кон дигитални валути

Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) – Гита Гопинат изјави дека финансиските санкции врз Русија би можеле постепено да ја намалат доминацијата на доларот и да го поделат меѓународниот монетарен систем.

„И во такво опкружување доларот би ја задржал позицијата на значајна глобална валута, но фрагментацијата, во најмала рака, дефинитивно е сосема можна“ – вели таа.

Некои земји веќе преговараат за замена на валутите во кои го наплатуваат извозот, рече Гопинат, додавајќи дека зголемената употреба на други валути во глобалната трговија ќе резултира со поразновидни девизни резерви во централните банки.

Војната во Украина ќе го забрза, според неа, и преминот кон дигитални валути од обични криптовалути до тие што се фиксирани со класичните валути и стоки, како и дигиталните варијанти на постоечките валути кои го издаваат централните банки.

САД, ЕУ и нивните сојузници воведоа низа санкции врз Русија поради нејзината инвазија врз Украина.