Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар.
Како што пренесе „Јутарњи“, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинале на лице место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош. После тоа убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафуле.
Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар.