Двајца пензионирани пилоти активно вклучени во гаснењето на пожарите

Васко Михалчев и Стоје Арсовски, се двајцата пензионирани пилоти кои беа вратени на работа поради недостиг на пилоти обучени за управување со авионите за гаснење пожари „ер трактори“.

Двајцата се вклучени во гаснењето на пожарите кои веќе десетина дена се активни на територија на државата.

На социјалните медиуми секојдневно се објавуваат фотографии со пофални зборови за нив.

Тие беа вратени на работа со одлука на Владата откако им беа понудени нови договори.