Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска учествува на самитот на Европската политичка заедница во близина на Лондон, имаше средби со новиот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и со премиерот на Словенија, Роберт Голоб, со кого разговараа за соработка.
„Одлична средба со новиот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и договор наскоро да се сретнеме за да разговараме за најважните прашања од областа на соработката меѓу нашите две земји“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ се сретна и со Голоб, со кого разговараше за зачувување на мирот во Европа и актуелната ситуација во регионот.