Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ќе ја преиспита својата одлука да се кандидира за реизбор на претстојните претседателски избори во САД доколку лекарите му кажат дека има здравствени проблеми.
Во интервју, на прашањето што ќе го натера да ја преиспита својата одлука да учествува во кампањата за реизбор, Бајден рече дека тоа ќе биде медицински проблем.
„Ако имав здравствен проблем. Ако дојдоа лекарите и ми рекоа – ти го имаш овој проблем, го имаш овој проблем“, рекол Бајден, пренесe Политико.