Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска, на прес-конференцијата за ребалансот, рече дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари. Таа очекува, како што напомена, за констатираните состојби да реагира Основното јавно обвинителство.
Како што рече Димитриеска Кочоска, има многу доспеани обврски кои не се пријавувани.
-Можам да кажам дека има многу доспеани обврски и дека не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите иституции. Јас ги кажувам констатираните состојби во Министерството за финансии, истакна Димитриеска Кочоска.