Грозоморен случај на семејно насилство во Србија. Приведен е 40-годишник кој го тепал синот и му ги ставал на врела рингла дланките и стапалата.
– Осомничениот се товари за семејно насилство. Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало подливи и модринки. Но, при прегледот лекарите констатирале изгореници на дланките и стапалата.
Известено е обвинителството и Центарот за социјална работа во Белград.
Момчето е во тешка состојба. Истрагата е во тек – пишуваат тамошните медиуми.