Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион канадер со два екипажи во Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб.
Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението.
Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава