Во престрелката што се случи денеска во српскиот град Мајданпек, загина брачна двојка, дознава Телеграф.
Трагедијата се случила на фарма во близина на селото Тополница, меѓу Мајданпек и Долни Милановац, кога кон брачниот пар од засега непознати причини пукал постар маж (89).
Наводно, не е позната причината за кавгата меѓу дедото и соседот, која довела до трагедијата.
Работата да биде уште полоша, при престрелката е ранет и маж (59) кој гаснел пожар во блиската нива. Го погодиле два куршуми и бил згрижен во Здравствениот дом во Долни Милановац, потврдил доктор Владица Петровиќ.
Напаѓачот се уште не е пронајден, а полицијата го блокирала приодот до селото.
Апсењето е во тек, а на местото на престрелката излегле и припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).