Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да соработува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп доколку победи на претстојните претседателски избори во ноември.
„Доколку господинот Доналд Трамп стане претседател, ќе соработуваме. Не се плашам од тоа“, рече Зеленски, пренесува Интерфакс.
Тој оцени дека Републиканската партија е „различна“ од Демократската партија, чиј член е американскиот претседател Џозеф Бајден, но додаде дека и мнозинството републиканци „ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ“.
„Имаме двопартиска поддршка и имаме силни односи со американските политичари кои ја претставуваат Републиканската партија“, рече Зеленски.