Потресни детали што Шенон Доерти ги откри пред нејзината смрт: „Само сакам да и олеснам на мајка ми“

Актерката Шенон Доерти, ѕвездата на тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“ во која ја глумеше славната Бренда Волш, почина на 13 јули на 54-годишна возраст, по долга борба со ракот на дојката.

За време на долгогодишната агонија била оптимист, храбра и совесна, а во една прилика зборувала и за тоа дека веќе се соочила со се и дека е подготвена за најтешкиот исход и дека сака само да и направи полесно на нејзината мајка.

Сонувала да живее на фарма во Тенеси каде ќе негува коњи, но за жал, тој сон не го оствари, иако била многу блиску.

Во подкастот „Да бидеме јасно“ таа изјави дека се подготвува да замине ослободувајќи се од старите и непотребни работи, но и призна дека и било многу тешко да се откаже од својот сон.

„Мајка ми е приоритет во моментов. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа, па сакам да и ги олеснам работите. Не сакам таа да има еден куп проблеми со кои ќе се справува по мојата смрт, не сакам таа да има гаражи полни со мебел…“ изјави Шенон.

И така направи таа. Отишла во својот дом во Тенеси и спакувала се што ѝ треба – донирала, продавала… А најтешко ѝ било тоа што овој пат навистина се откажува од својот сон.

„Беше многу тешко и емотивно за мене, бидејќи се чувствував како да се откажувам од мојот сон да изградам свој имот таму; куќа за себе и куќа за мајка ми; и еден ден да се преселам и да живеам со коњи. Плачев додека се пакував, се чувствував како да се откажувам… И се прашував дали тоа значи дека се откажувам од животот, мајка ми ми рече дека не морам да го правам тоа, но морам…“ , рече таа и додаде дека прифаќањето на крајот на животот донело мир и спокојство, бидејќи сфатила дека не мора да се придржува до истите работи за да продолжи да живее.

Шенон се бореше со ракот на дојката од 2015 година.