Пожарникари во Сараево вчера спасиле двегодишно дете кое било само во куќата со својата постара четиригодишна сестра.
Имено, пожарникарите забележале дека малото момче се качило на отворениот прозорец, брзо реагирале и го спасиле.
„Сараевските пожарникари вчера спасија дете (2) кое било само во куќата со постарата сестра (4) и кое пожарникарот го нашол на прозорецот. Храбрите пожарникари веднаш реагирале и успеале безбедно да ги спасат децата, покажувајќи уште еднаш како нивната работа е и неизмерно важна за заедницата“, се вели во објавата.
„Оваа приказна не е само сведоштво за опасностите со кои секојдневно се соочуваат пожарникарите, туку и за нивната неизмерна хуманост. Работата на пожарникар не е само да гасне пожари, тоа е повик кој вклучува чување и спасување животи во најтешките моменти, нивната посветеност, храброст и подготвеност да бидат секогаш тука за нас, тие ги прават вистински херои на нашите заедници. За ваквите интервенции заслужува да се слушне и да се зборува, бидејќи не потсетуваат на важноста и вредноста на работата на пожарникарите. Во свет каде што често се фокусираме на негативни вести, важно е да се истакнат овие светли примери на човечка добрина и храброст Нашите пожарникари се вистински пример за тоа, и секоја приказна за нивната работа треба да не инспирира и да не потсети на важноста на поддршката и благодарноста за нивната бестрашна работа“, се вели во соопштението.