Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, загинаа 38.000 Палестинци

Во последните 24 часа израелските окупаторски сили убиле најмалку 71 и повредиле 289 лица во четири напади во Појасот Газа, соопштија локалните здравствени власти, пренесува палестинската агенција ВАФА.

Од 7 октомври, кога израелската армија влезе во Газа, е документирана смртта на 38.443 Палестинци, а 88.481 лице се повредени. Повеќето од загинатите и повредените се жени и деца.

Во една од најсмртоносните акции до сега, израелските воени авиони утринава извршија неколку масовни напади врз густо населената област Ал-Маваси, која е дом на раселените жители од целиот Појас Газа.

Здравствените установи соопштија дека 71 загинато лице не е конечна бројка на жртви, бидејќи голем дел од повредените се во критична состојба.

Екипите за брза помош и спасување сè уште не можат да стигнат до многу од жртвите, бидејќи израелските сили го попречуваат движењето на екипите на брзата помош и цивилната одбрана.