Таравари: ДУИ е во опозициски кошмар, се обидува да профитира од насилство врз бебе

„Не постои поголем политички срам од тоа ДУИ да се обидува да профитира од насилство врз бебе. Има ли дно што не може да го пробијат? Кое е тоа политичко лудило да се тврди дека причината за насилството врз бебе е заради тоа што ДУИ не е дел од Владата?“ реагира министерот за здравство Арбен Таравари откако опозициската ДУИ преку соопштение вели дека „Скандалозното физичко насилство констатирано врз 3-месечно албанско бебе од етнички причини од страна на медицинскиот персонал на Детската клиника е неприфатливо, нечовечно и е последица на политичката немоќ на поразените на изборите кои секојдневно ги понижуваат Албанците“.

Од ДУИ побараа оставка од Таравари, на што тој одговори:

„Ако бараат оставки и посочуваат на одговорност после 20 дена од формирањето на новата Влада, тогаш што треба да се бара за 22 годишниот режим на ДУИ? Да се избрише ДУИ од регистарот на политички партии заради сите злодела што им ги направи на Албанците? Уште еднаш ги повикуваме да се отрезнат, да се соочат со реалноста, програмски и кадровски да се реформираат и да почнат да делуваат како конструктивна опозиција“.