Тројца работници загинаа откако во Швајцарија се урна градежното скеле што го користеа.
Уште осум лица се повредени во инцидентот во швајцарскиот град Прилиум кај Лозана, од кои четворица потешко, соопшти полицијата.
Несреќата се случила на градилиште на 19-катна дрвена зграда која е дел од трговски комплекс. Полицијата соопшти дека зградата е висока речиси 60 метри.
Очевидци изјавија за швајцарската новинска агенција Keystone-SDA дека товарниот лифт паднал и со себе го однел целото скеле од северната страна на зградата.
Надлежните најпрво не соопштуваа детали за несреќата или можната причина.
Полицијата го опколи местото на несреќата, а ангажирани се пожарникари и специјализирани компании за обезбедување на преостанатите скелиња од другите страни на зградата.