Гаши: Имавме отворена дискусија со Заев и убеден сум дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас
Африм Гаши, лидерот на политичката партија Алтернатива по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата.
„Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас. Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата. Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива“ рече Гаши по средбата.
Тој нагласи дека кој и да е наследник на Заев на претседателската позиција во СДСМ, ќе продолжи континуитетот на тоа што е разговарано денеска и порано и во иднина.