Националниот Комитет на политичката партија Македонски Концепт, тргнувајќи од интересите на македонската Кауза, донесе одлука да достави иницијатива до министерот Тимчо Муцунски, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, за констатирање на услови за раскинат билатерален Договор од страна на Република Бугарија, соопштија од Македонски концепт.
„Согласно Став 13, Член 3 од договорот, Република Бугарија преку донесување на Рамковна позиција во Собранието, спротивна на Договорот и нејзино доставување преку Меморандум (писмено известување) до Македонија и сите земји членки на ЕУ, на 17.09.2020 година, формално правно го раскинала Договорот со Република Македонија.
Цениме дека Договорот наместо пријателство, создаде непријателство, наместо унапредување, ги уназади македонско – бугарските односи.
Од таа причина, бараме да
– прекине работата на “историската комисија”;
– прекине важноста на скандалозните Протоколи на Никола Димитров и Бујар Османи;
– прекине важноста на Преговарачката рамка со ЕУ и е потребно да се изготви нова;
– престанат непријателството, лошо соседството и несоработката помеѓу двете земји и да отвориме ново историско поглавје на обновено пријателство;
Политичката партија Македонски Концепт стои цврсто до ова решение, кое единствено би дало можност за Нова Иднина во пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и реална интеграција во Европската Унија“, порачаа оттаму.