Советот на Општина Неготино вечерва на вонредна седница донесе одлука за формирање на кризен штаб за заштита, по пожарот што ја зафати планината Серта, неготинско.
На 26. вонредна седница, присутните девет советници едногласно ја изгласаа одлуката за формирање на штабот, со распределба на лицата членови, што ќе раководат со неколку клучни места во составот на штабот, почнувајќи од командант на штабот и слично.
Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов потврди за МИА дека засега пожарот е во планинскиот дел, но не се знае како ќе се движи.