„Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел народните пари се пример зошто СДС изгуби катастрофално. Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на мисијата, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост. Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно кажа дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за истата, туку да плаќа само услуга“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство? Ова е СДС, ова е Венко Филипче, партија и луѓе кои не мислат за здравството и пациентите, туку само за нечиј приватен интерес. По истиот принцип по кој се однесува Филипче, се однесувал и Фрчкоски. Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ“ порача Лефков.