Загина мотоциклист на патот Охрид – Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост. Во несреќата загина мотоциклист.

Според информациите, мотоциклистот се судрил со автомобил и од здобиените повреди починал.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа и дека во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција.

Повеќе детали за трагичниот настан тој најави за денеска.