Во традиционалното трчање на биковите во шпанскиот град Памплона, повредени се шест лица, од кои едно е пренесено во болница со сериозна трауматска повреда на главата, објавија денеска шпанските медиуми.
Улиците на Памплона беа преполни со љубопитни гледачи на трката со бикови, од почетната точка на Questa de Santo Domingo до преполната градска корида.
Крајот на трката беше мирен, но оваа година беше соборен рекордот за брзината со која биковите ја истрчаа традиционалната рута, пишува Ел Паис.